За нас


Извидничкиот поречански одред “Галеб” е формиран 1955 година и се вбројува меѓу најстарите одреди во Републиката, а воедно и е прв формиран поречански одред во неа. Неговата цел е да придонесува во развојот на младите луѓе, во достигнувањето на нивните пополни физички, интелектуални, опшествени и духовни можности како поединци, како одговорни граѓани и како членови на нивните локални и национални заедници, како и меѓународната заедница. Во изминативе 53 години одредот активно работел и низ неговите редови поминале неколку илјадници извидници. Исто така, одредот активно земал учество на активности организирани од други одреди, остварувал соработка со извиднички одреди и сојузи надвор од границите на нашата земја и бил вклучен во активностите на Сојузот на Извидници на Југославија (во поранешната СФРЈ) и Сојузот на Извидници на Македонија (СИМ), чиј член е и денес. Преку членството во СИМ извидничко поречански одред “Галеб” е член и на светската организација за извидничкото движење (WOSM). Дел од хиеархијата на одедот се патролите меѓу кои и патролата “Видри”.gotovo celo - Copy

2 Comments

2 thoughts on “За нас

  1. Najjaka patrola ste vie!

Leave a comment

Blog at WordPress.com.